178
Новиот македонски
репрезентативец и член на Малме, Ердал Ракип се здоби со повреда во мечот на
гостински терен кај Јувентус во Лигата на шампионите, меч кој нема никакво
резултатско значење за шведскиот клуб кој нема шанси за прогрес.
Ракип беше
повлечен од игра во 30 минута од пресметката во Торино, а оваа повреда за него
доаѓа не баш долго по претходната, поради што ги пропушти завршните
квалификации за Светското првенство за Македонија.
Првичните
информации кои пристигнуваат велат дека се работи за мускулна повреда, а секако
допрва медицинските прегледи ќе утврдат за тоа дали повредата е од сериозен
карактер.