Ракип: Сакаме да ги избегнеме Португалија и Италија, ќе биде забавно ако играме со Шведска

by
1 минути читање

Фудбалерот на Малме, Ердал Ракип кој живее во Шведска но прифати да игра за Македонија, за шведските медиуми порача дека треба да внимаваат на нашата репрезентација.

„Многумина ја потценуваат Македонија, но мислам дека играме баш добар фудбал. Ја играме нашата игра без разлика со кого играме. Имаме многу добри фудбалери кои играат во странство. Можеби недостасува Пандев во нападот и има дупка, но доаѓаат нови млади фудбалери“, вели Ракип.

Ждрепката за баражот за СП е на 26. ноември, а Македонија ќе добие некој од Италија, Португалија, Шведска, Шкотска, Русија и Велс. За Ракип би било забавно ако паднеме со Швеѓаните.

„Има многу добри селекции во баражот, мислам дека ќе биде баш забавно ако играме со Шведска. Не би рекол дека тоа е ждрепка од соништата, сите селекции се силни, но јасно е дека сите сакаат да ги избегнат Италија и Португалија кои се најтешки. Шведска не би била идеална ждрепка, но би било подобро отколку да ги добиеме Италија или Португалија“.

„Шансите со Шведска би ни биле 50-50 иако ќе се игра во Шведска. Сепак ќе зависи од тоа кој има подобар ден, од концетрацијата во текот на целиот натпревар, кој подобро ќе си ја заврши својата задача“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×