Англија во целост
ја оправда улогата на фаворит на гостувањето кај Унгарија во рамките на
мундијалските квалификации откако дојде до убедлива победа од 0-4.
Доста тензични
сцени имаше на „Пушкаш“ арената во Будимпешта откако пред самиот старт
домашните навивачи ги исвиркаа фудбалерите кои оддадоа поддршка за движењето „И
животот на црномурестите е важен“, а фрлија се’ што имаа при раце на теренот кон Рахим Стерлинг
при неговиот гол за почетно водство.
Како и сите
останати, така и Деклан Рајс тргна да му честита на Стерлинг за голот и да
прослави со соиграчите, меѓутоа најпрво од теренот подигна една хартиена чаша
со пиво, преправајќи се дека пие пиво.
„Дали знаете дека
до денес јас никогаш се немам напиено пиво, а имам 22 години“ рече фудбалерот
на Вест Хем во својата изјава во пресрет на изминатото Европско првенство.
„Тоа е вистината,
никогаш не сум пиел пиво, не пиете ниту вие, не сум обожовател на тоа, воопшто,
сигурно луѓето би се изненадиле, едноставно не ми се допаѓа мирисот“ додаде
тогаш Рајс во моментите кога призна дека би го сторил тоа доколку „Гордиот
Албион“ го освои европскиот турнир, но загуби во големото финале од Италија на
пенали.
Од фотографиите истовремено може да се забележи дека примерот на Рајс го следел и Џек Грилиш.