Рајс против Аргентина трипати го прекршил правилот кое ФИФА го воведе пред Светското првенство (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

И два дена по полуфиналниот дуел меѓу Аргентина и Англија, во кој „гаучосите“ славеа со 2:1 и обезбедија место во финалето на Светското првенство, вниманието на јавноста сè уште е насочено кон одредени судиски одлуки.

Во фокусот се најде англискиот репрезентативец Деклан Рајс, кој во неколку наврати ја покриваше устата додека разговараше со аргентинските фудбалери. Според дел од медиумите, со тоа го прекршил правилото што ФИФА го воведе пред почетокот на Мундијалот.

Иако е јасно дека Рајс најмалку трипати ја прикривал устата додека разменувал зборови со Лионел Меси и неговите соиграчи, главниот судија Исмаил Елфат не реагираше, а немаше ниту интервенција од ВАР.

Според важечките правила, фудбалер кој намерно ќе ја покрие устата со рака, дрес или друг дел од телото за време на конфликт или расправија со противник или службено лице може да добие директен црвен картон. Ова правило веќе беше применето на Светското првенство, кога Еквадорецот Пјеро Инкапие беше исклучен токму поради ваков прекршок.

Поради тоа, повторно се отвори дебатата за конзистентноста во судиските одлуки, а дел од медиумите сметаат дека Рајс требало, па дури и морал, да биде исклучен.

Сепак, засега останува нејасно што точно било кажано во разговорите, како и дали судијата и ВАР-собата процениле дека ситуацијата не била доволно сериозна за најстрога дисциплинска мерка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×