Рајс погоди со ефе околу живиот ѕид, режисерот веднаш го „улови“ Роберто Карлос!

by 24 фудбал
1 минути читање

Деклан Рајс беше двоен стрелец во победата на Арсенал против Реал Мадрид (3-0) и тоа двапати погоди од слободен удар.

Головите беа перфектни, првиот со многу ефе околу живиот ѕид, а вториот со лажен ѕид од негови играчи погоди директно во аголот. По првиот погодок кој го заобиколи ѕидот, на камерите веднаш се појави Роберто Карлос.

Режисерот сакаше да присети на фамозниот гол на Бразилецот против Франција во 1997 година. Ударот беше од слична позиција, со главна разлика што Карлос шутна неверојатно со надворешниот дел од копачката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани