Деклан Рајс беше вистински херој на Арсенал во победата над Реал Мадрид (3-0) во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Англискиот фудбалер за врска даде два гола и тоа какви. Рајс погоди двапати директно од слободен удар, а тоа му донесе победа на неговиот тим.
„Чекав само на ова, досега многу пати го погодував живиот ѕид или шутирав високо. Обично изведуваме кратко додавање, ама на првиот удар видов каде е ѕидот и голманот и само си реков – шутирај. За вториот имав повеќе самодоверба и погодив пак. Емоциите не ме погодуваат многу сега бидејќи имаме реванш, ама среќен сум. Летам од радост. За неколку години овој натпревар и голови ќе ме погодат, па дури тогаш ќе бидам свесен дека направив нешто големо“, изјави Рајс.
Реванш натпреварот се игра на „Сантијаго Бернабеу“ следната среда во 21:00 часот.