185
Шест милиони евра изнесува откупната клаузула во договорот на Столе Димитриевски со Рајо Ваљекано кој истекува во јуни 2024 година.
Рајо нема намера да преговара за помала сума, па ако Барселона го сака Димитриевски ќе треба да плати шест милиони евра.
Дел од парите ќе одат и во Гимнастик кој има процент од продажбата на Димитриевски.
Рајо Ваљекано во моментов е на четвртото место на табелата во Примера и нема намера лесно да се откаже од својот голман.
Димитриевски има над 80 отсто одбранети удари во Ла Лига оваа сезона со што е најдобриот голман во шпанското првенство.