61
32-годишниот Бабел потпиша за Фулам договор до крајот на сезоната. Тој во англискиот тим доаѓа од Бешикташ.
„Клубот со задоволство може да соопшти дека потпиша перманентен договор со Рајан Бабел до крајот на сезоната“, стои во соопштението на Фулам.
Фулам моментално е на 19. место на табелата и води грчевита битка за опстанок.
„Моите први инпресии се добри, возбуден сум. Дефинитивно имам верба дека Фулам може да опстане. Тоа е една од причините поради кои сум тука, да се обидам, да помогнам тоа да се случи. Подготвен сум и возбуден“, изјави Бабел.