Рафиња за понудата од Саудиска Арабија: Ќе го променеше мојот живот, на родителите, децата, пријателите…

by bojan
1 минути читање
Рафиња

Рафиња доби понуда да ја напушти Барселона летото во 2024, на неговата врата тропна Саудиска Арабија со многу милиони, но Бразилецот го одбил примамливиот предлог по разговор со тренерот Ханси Флик.

Рафиња се мачеше со формата во сезоната 2023/24, Барселона ја отвори вратата за продажба а понуда пристигна од Саудиска Арабија.

Тогаш се шпекулираше дека Ал Хилал на маса ставил 100 милиони евра за реализирање на трансфер, а на Бразилецот му понудил четиригодишен договор тежок фантастични 170 милиони евра.

„Играм фудбал од мојата 15-та година, сум поминал и низ добри и низ лоши моменти, и дојде момент кога помислив дека е време да се погрижам за себе и за моето семејство“ – вели Рафиња.

„Понудата што ја добив од Саудиска Арабија навистина ме стави во искушение“.

„Ќе ми го променеше мојот живот, и не само тоа, ќе го променеше животот и на моите родители, на моите деца, на пријателите… на многу луѓе“.

„Секако дека размислував за заминување од Барселона, размислував дека е време за промена, но потоа разговарав со Флик, прво телефонски, а потоа и на почетокот на подготовките и тој успеа да ме убеди да останам. Мило ми е што го направи тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×