Рафиња: За малку ќе заиграв за Италија, среќа пасошот не ми излезе на време!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилскиот репрезентативец Рафиња блеска играјќи за Барселона, а сега откри интересна информација.

Имено, пред стартот на Европското првенство во 2021 година италијанската фудбалска репрезентација била на чекор да го натурализира Рафиња. Овој фудбалер има и италијанско потекло по својот татко, извади и пасош и требаше да заигра за „Аѕурите“.

Сепак, поради бирократски проблем пасошот не стигна навремено и Рафиња не настапи за Италија. Подоцна есента во 2021 година Рафиња дебитираше за репрезентацијата на Бразил

Бев многу близу да го прифатам повикот од националниот тим на Италија, се беше готово. Требаше да бидам дел од тимот кој ќе оди на ЕП и го освои трофејот во 2021 година. Речиси беше се договорено. За среќа мојот пасош не излезе на време. Во тој момент луѓето од италијанската репрезентација ми се јавуваа. Жоргињо ми се јавуваше константно, Италијанците имаа убав проект за мене и тоа ми фати око. Сепак, во исто време длабоко имав надеж дека можам да го носам дресот на Бразил. Среќа што мојот италијански пасош не излезе на време“, изјави Рафиња.

Фото/Photo: : Rafael Ribeiro/CBF

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани