Рафиња призна: Ако минатата година добиев понуда од Саудиска Арабија – веднаш ќе ја прифатев!

by Стефан
1 минути читање

Еден од најдобрите фудбалери на Барселона оваа сезона, Бразилецот Рафиња, откри дека и самиот бил изненаден од вестите за интересот од клубови од Саудиска Арабија.

Во изјава за медиумите, Рафиња истакна дека пред една година би размислил сериозно за таква понуда, но денес ситуацијата е сосема поинаква.

„Вчера некој ми ги испрати вестите за интересот од Саудиска Арабија. Искрено, минатата година ќе ја прифатев понудата. Имав тешки моменти во Барселона, животот ми се менуваше. Но, со доаѓањето на Флик, многу работи се сменија на подобро. Затоа денес ги затворам очите и ушите на богатите понуди“, рече Рафиња.

Бразилецот со своите настапи сезонава стана еден од клучните играчи за каталонскиот гигант, а неговата одлука да остане ја радува навивачката армија на Барса, која верува дека новата ера под водство на Ханси Флик ќе донесе нови трофеи.

Фото: Barcelona FC/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани