Радост во Горно Лисиче: Еуромилк славеше во дербито со најголемиот ривал и дојде на чекор од бараж за Втора лига!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Еуромилк Горно Лисиче направија голем чекор кон освојување на првото место во Третата лига – Север, откако во дербито славеа минимално против БВК Коњаре со 1-0.

Поранешниот прволигаш го доби натпреварот кој беше од клучно значење за продолжението на сезоната и сега има предност од десет бодови токму пред денешниот ривал. Со ваквиот развој на настаните, тимот од Горно Лисиче е речиси сигурен на врвот, а го дели само теоретска неизвесност од обезбедување пласман во баражот за враќање во ВМФЛ.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Хусеин Демири од белата точка, носејќи им три важни бода на домашниот тим пред својата публика.

Состојбата на табелата сега е речиси решена, бидејќи Еуромилк е на само една победа од официјализирање на местото во баражот, додека БВК Коњаре ја пропушти последната реална шанса да се врати во трката за врвот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×