Работнички го доби првиот меч со Хонвед (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Работнички дојде
до победа од 2-1 против Хонвед во првото квалификациско коло за пласман во
групите од Лига Европа, по првото полувреме од мечот кој се одигра на тренинг
центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, резултатот беше израмнет и гласеше 1-1.

Прв до водство
дојде македонскиот претставник со голот на Петковски во 34. минута, но Наџи во
самиот финиш од првиот дел донесе израмнување за гостите, гол на гостински
терен кој не оди во прилог на Романтичарите.

Сепак, во 60.
минута Шаркоски погоди за 2-1 и уште во оваа фаза од средбата беше поставен
конечниот исход на мечот.

Речиси израмнет
беше дуелот за што говори и статистиката, Хонвед имаше посед на топката од 51%,
а Работнички нешто повеќе шанси во однос на својот ривал, 12 обиди од кои 4
завршија во рамките на голот, наспроти 8 обиди на Хонвед од кои 3 беа во
рамките.

Реваншот во
Унгарија се игра идниот вторник, а подобриот од овој двомеч ќе игра против
подобриот од Ниедеркорн
(Луксембург) и Габала (Азербејџан).

Работнички:
Божиновски, Ерера, Најдовски,
Митрев, Стевиќ, Бопеску, Стјепановиќ, Пеев, Стевановиќ
(Садики 88’), П. Петковски (Чинеду 79’) и Шаркоски (Ф. Петковски 71’
).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани