Работнички доби репрезентативно засилување, потпиша со Томче Гроздановски

by
1 минути читање

Гроздановски со Работнички потпиша двегодишен договор, тој во скопскиот тим пристигнува од Злате Морваче.

„Работнички е еден од најдобрите македонски фудбалски клубови, со шампионско педигре и богата традиција. Навистина ми е чест што ќе го носам дресот на овој клуб. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и верувам дека со соиграчите и стручниот штаб ќе ги исполниме целите на клубот“, изјави Томче Гроздановски.

Гроздановски лани дебитираше за А-селекцијата на Македонија на мечот против Гибралтар (4-0), а претходно беше член и на младата национална селекција до 21 година.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани