Работнички се засили со Медин Бајрами

by 24 фудбал
1 минути читање

Работнички се пофали со ново име за втората полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ ја зацврстија одбраната и го промовираа Медин Бајрами кој доаѓа од тимот на Воска Спорт. Се работи за 26-годишен стопер кој пристигна во тимот како слободен играч по крајот на договорот со охриѓани.

Во кариерата Бајрами мина низ многу клубови. Тој почна во Словенија во младите тимови на Марибор, а потоа играше за Илирија, Крско, првиот тим на Марибор, Драва Птуј, пред да се пресели во мак-фудбалот во 2020 година.

Оттогаш Бајрами ги носеше дресовите на Беласица, Ренова и Воска во Македонија, а имаше и авантура во косовска Малишева.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани