209
Екипата на Работнички од денеска ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот против Торпедо Белаз кој е закажан за 17 јули на арената „Тодор Проески“, првиот натпревар Работнички го игра утре на гостински терен утре.
Проажбата на билетите се одвива онлајн преку платформата на МКТикетс (ТУКА).
„ФК Работнички преку онлајн мрежата на МКТикетс ги пушти во продажба билетите за реваншот против Торпедо-Белаз. Отворена е Северната трибина, а билетите по цена од 200 денари можат да се купат на следниот линк…“, соопштија од клубот.