Јануари обично е
месец кога клубовите прават мали промени во својот состав, но трансфер пазарот
во последните неколку години експлодираше па се случија неколку бомби.
Барселона го купи
Филипе Кутињо од Ливерпул за 120 милиони евра, плус додатни 40 милиони евра во
бонуси, а „црвените“ го ангажираат Вирџил ван Дајк за 75 милиони фунти (нешто
над 86 милиони евра) и го направија Холанѓанецот најскапиот дефанзивец во
светот на фудбалот.
Но сето ова
можело да биде надминато од ПСЖ, според пишувањата на Спортмедиасет, „светците“
биле на прагот да изрежираат зделка каква што не се памети за зимскиот преоден
рок.
Клубот од Париз
на Наполи му понудил 160 милиони евра како и богат спонзорски договор со Катар
за Калиду Кулибали и Алан да се преселат на „Паркот на принцовите“ овој месец.
Аурелио Де Лаурентис
бил ставен во искушение, и во еден момент бил многу блиску да каже ДА. Сепак,
по разговорот со Карло Анчелоти решил делумно да го одбие предлогот. Првиот
човек на Наполи им порачал на „светците“ дека Калиду Кулибали нема шанси да
замине, но за Алан можат да преговараат.
Де Лаурентис за
услугите на Бразилецот побарал 100 милиони евра и двата клуба почнале да
преговараат за начинот на кој ќе се стигне до оваа сума. Една опција била
формулата според која ПСЖ ќе плател 35 милиони евра, додека останатите 65
милиони ќе пристигнат во форма на спонзорство од Катар. Сепак Наполи и ПСЖ не
успеаја да пронајдат заеднички јазик па и фудбалерот од средниот ред ќе остане
на Сан Паоло барем до крајот на сезоната.