Шампионот на
Франција овој месец се обидуваше да донесе засилување за средниот ред, позиција
на која „светците“ се прилично тенки а работите дополнително се искомпликуваа
откако Адриен Рабио одби да стави потпис на нов договор а Марко Верати се
повреди.
ПСЖ ја загуби
битката со Барселона за талентираниот Френки Де Јонг од Ајакс, а и преговорите
со Наполи за трансфер вреден 100 милиони евра на Алан не беа успешни.
Томас Тухел сепак
доби нов фудбалер, утрово пристигна потврда дека на „Паркот на Принцовите“ се
сели Леандро Паредес од Зенит кој стави потпис на договор со трајност до 30.
јуни 2023. Детали од зделката не беа обелоденети, но се говори за трансфер
вреден помеѓу 45 и 47 милиони евра (вклучувајќи и бонуси).
Во исто време
кога беше соопштен трансферот на Аргентинецот, се појавија и шпекулации за изненадувачки
трансфер на лето во Париз. Медиумите од Јапонија пренесоа дека нивната млада
ѕвезда, Шоја Накаџима за рекордни 35 милиони евра го напушта Портимоненсе и се
сели во редовите на Ал Духаил.
Клубот од Катар е
во сопственост на Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тахни, кој го поседува и ПСЖ, па
Шоја Накаџима најверојатно ќе заврши во Париз веќе во јули. Јапонецот може да се пофали со
15 погодоци и 18 асистенции за време на својот престој од година ипол во
Португалија, но тешко може да се верува дека тој ќе им фати место на ѕвезди
како Нејмар и Мбапе.
Сепак играчот веројатно
ќе биде полн погодок од комерцијален аспект, ќе им помогне на „светците“ да
ја зголемат својата популарност на
Далечниот Исток а со тоа да ја зголемат и продажбата на дресови, а можеби и да
си најдат нови спонзори кои ќе им помогнат полесно да ги исполнат правилата на
УЕФА за Финансиски фер плеј.