Првото разочарување на Зидан по враќањето во Реал Мадрид

by
2 минути читање

Зинедин Зидан го
претрпе првото разочарување по враќањето на клупата на Реал Мадрид, пишува ОКДИАРИО,
а се наведува дека еден од клучните фудбалери кој тој го посакувал на лето за
да изврши реструктуирање на составот бил токму Лукас Ернандез.

Французинот веќе
го официјализираше трансферот во Баерн Минхен, каде ќе се пресели на лето и тоа
за сума од фантастични 80 милиони евра, а кога Кралевите стапиле во контакт со
неговиот агент Мануел Гарсија, одговорот бил јасен – задоцнета реакција.

Секако интересот
на Реал Мадрид за Ернандез ќе значи ново разнишување на односите со Атлетико
Мадрид по случајот со Тео Ернандез, а по тоа разочарување, Кралевите се ставиле
во брза реакција за Милитао од Порто, фудбалер кого Зидан не планирал да го
ангажира, а тој не бил ниту на листата на желби кај францускиот стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани