204
До 40. минута речиси ништо не се случи на мечот меѓу Уругвај и Франција, а тогаш по центаршут на Гризман, Варан постигна убав гол со глава за водство на Французите од 1-0.
Четири минути подоцна Уругвај имаше фантастична можност да израмни, Касерес биеше со глава, но Лорис ја имаше една од најубавите интервенции на Светското првенство и успеа да одбрани. Топката дојде Диего Годин кој од само неколку метри го промаши голот.
Во вториот дел се очекува Уругвај веднаш да тргне кон изедначување а тоа ќе отвори шанса за брзи контра напади на Франција.