Првиот човек на
„каталонците“ синоќа беше гостин во емисијата „Ел партидазо“ на КОПЕ, одговараше
на многу прашања и секако неизбежни беа оние за настапот на трансфер пазарот.
Долго време се
говори дека Нејмар сака да се врати на Камп Ноу, Бразилецот жали што се
преселил во ПСЖ и се шпекулира дека во неколку наврати им се јавил на лидерите
на Барселона и побарал да се реализира една ваква зделка.
Но претседателот
Жозеп Мариа Бартомеу го негира ова и вели дека напаѓачот не е во нивните
планови за иднинаа.
„Никогаш не сум
разговарал со неговиот татко, никогаш не ми се јавиле. Ниту таткото на Нејмар,
ниту самиот Нејмар ми нема кажано, „Сакам да се вратам во Барса“. Кроиме
планови за иднината, и Нејмар не е во нив“ – вели Бартомеу.
„Со парите од
Нејмар ги купивме Кутињо и Дембеле, ангажиравме двајца одлични играчи и среќни
сме со нив“.
Во последно време
одново се говори за можноста Барселона да тргне по потписот на Иско, кој има
ограничена минутажа на Бернабеу и летоска најверојатно ќе ја промени средината.
„Доколку нашиот
тренер побара одреден играч и тој играч сака да го напушти Реал Мадрид, секако
дека ќе го ангажираме. Вакво нешто се нема случено откако јас сум тука, но не
постои никаков пакт со Реал“.
„Иско? Ако треба,
ќе зборувам со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез“.