76
24 годишниот
македонски напаѓач Влатко Стојановски денеска го постигна својот прв гол во
дресот на хрватскиот прволигаш Горица, во чии редови пристигна во летниот
преоден рок од француски Ним.
Македонецот биеше
умешно во ударот од белата точка во 48 минута за почетно водство од 1-0 против
Младост во осминафиналето од хрватскиот национален куп, меч кој заврши со
победа од 2-0 за тимот на Стојановски.
Нашиот
репрезентативец играше се’ до
69 минута кога беше повлечен од игра, а тој досега запиша осум настапи за
Горица.
Stojanovski goal pic.twitter.com/P13mAMWAsp
— Sport 88 (@FidanFidanmk) October 27, 2021