Навивачите на Џенова не го криеја задоволството по историскиот пад на најголемиот ривал – Сампдорија, која првпат во својата историја испаѓа во Серија Ц. Сампдорија ја заврши сезоната во Серија Б на 18. позиција, што значи директна преселба во третата италијанска лига, нешто што никогаш досега не ѝ се случило.
Овој неуспех беше повод за славје кај навивачите на Џенова, кои бурно реагираа на резултатот. Се палеа огномети, се скандираше по улиците на Џенова, а низ градот се организираа колони на автомобили со знамиња и сирени – сè во чест на падот на Сампдорија.
Ривалството помеѓу двата клуба трае повеќе од еден век, уште од 1902 година кога Сампдорија настапуваше под името Андреа Дорија. Под сегашното име, клубот постои од 1946 година, а првото официјално дерби под тоа име го доби Сампдорија (3-0).
Но, денес работите се далеку од славните денови за „сините“. Финансиската криза не попушта, а според шпекулациите, долговите на клубот веќе ја надминале границата од 200 милиони евра. Иднината на Сампдорија е под голем прашалник, додека Џенова и нејзините навивачи уживаат во најголемото понижување на ривалот.
Cruel, muito cruel: a torcida do Genoa celebrou com todas as suas forças a inédita queda da rival Sampdoria para a Serie C.pic.twitter.com/3m4HEaV6s7
— Calciopédia (@calciopedia) May 14, 2025