63
Авионот кој исчезна на 22 јануари, а со кој од Нант до Кардиф требаше да биде превезен фудбалерот Емилијано Сала утринава е пронајден.
Приватната потрага даде резултат, авионот „Пајпер Малибу“ е пронајден на дното од морето близу англиското крајбрежје.
Фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон уште се водат за исчезнати, па веројатно наскоро ќе бидат прогласени и за мртви.
Сала требаше да биде најскапото засилување во историјата на Кардиф, но се случи големата трагедија која го потресе фудбалскиот свет.