Проблемите за Барса се зголемуваат, Левандовски го пропушта дербито со Реал Мадрид

by
1 минути читање

Роберт Левандовски заработи мускулна повреда на мечот против Алмерија, но стисна заби и го доигра дуелот до крај.

Сепак шпанските медиуми пишуваат дека Левандовски нема да може да игра против Реал Мадрид, се очекува две недели да биде надвор од теренот.

Дуелот против Реал Мадрид е во четврток, тоа е меч од Купот на Шпанија, покрај Ел Класикото, тој би ги пропуштил и дуелите против Валенсија и Атлетик Билбао во Ла Лига, веројатно ќе се врати за другиот дуел со Реал Мадрид кој се игра на 19. март.

Чави веќе има проблеми со повредени фудбалери, Дембеле, Фати и Педри се надвор од стројот, а сега им се приклучува и Левандовски.

Веста на шпанските медиуми, ја потврди и Барселона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×