68
Шиме Врсаљко кој ги одигра сите натпревари за Хрватска досега, поради повреда веројатно нема да биде подготвен за дуелот против Англија.
Бекот поради повреда беше заменет во 97. минута од дуелот со Русија, тој има проблеми со коленото и е во трка со времето да биде фит за следниот меч.
Но, „Марка“ пишува дека играчот на Атлетико Мадрид нема да може да одигра уште еден меч на Светското првенство.
На местото од Врсаљако ќе игра ветеранот Ведран Чорлука.
Но нема проблеми само Хрватска со составот, информациите од Англија велат дека Џордан Хендерсон и Џејми Варди се неизвесни поради повреди.