168
Михаило Мудрик веќе долго време е цел број еден на Арсенал, но во трката се вклучи и Челси по што дополнително се зголеми цената на фудбалерот.
Челси е во завршни преговори со Атлетико Мадрид за ангажман на Жоао Феликс кој на Стемфорд Бриџ ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната.
Се претпоставува дека доколку Челси го добие Феликс, ќе го олабави интересот за Мудрик што му одговара на Арсенал.
Претставници на Арсенал и синоќа имале средба со луѓето од Шахтар на кои се дискутирало за Мудрик, но преговорите се уште не се во некоја завршна фаза.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.