162
Изминатиов период
имаше многу гласини за тоа каде Бугарија ќе ја пречека Македонија на стартот од
третата сезона во Лигата на нации.
Односите помеѓу двата
соседи се затегнати бидејќи Бугарите ја блокираат нашата земја во
евроинтеграциите, па се говореше дека мечот нема да се игра во Софија поради
страв од политички провокации.
Сега пристигна
потврда на гласините, Бугарија и Македонија ќе ги одмерат силите во Разград, на
арената „Хувефарма“ која собира 7.000 навивачи.
Мечот е закажан
на 2. јуни со почеток во 18 часот.