Двата тима се грабнаа на ферка на теренот, па бркотницата во која летаа боксови, клоци, по некој „кунг-фу удар“… И додека дојде обезбедувањето, не запреа со пресметки, па еден играч поради повредите мораше да си замине, ама нервозата остана.
Дуелот беше пријателски и роденденски во чест на 50-годишнината на Гункастеко, па откако после подолго време се смирија страстите, се доигра дуелот кој заврши без победник 3-3. До физичката пресметка беше 2-1 за гостите.
„Ова е срамота. Проблемот е во играчите. Ние играме пријателски меч, а тие дошле да се тепаат. И не е ова прв пат“, рече Јосимар Ариас, тренерот на домаќините.
„Ова е голема дамка на нашиот фудбал, не смее да се случува, ама…“, додаде Диего Мадригал, тренерот на Либерија.
Tremenda bronca entre Guanacasteca y Liberia ¡Se dieron con todo!
@FUTVCR pic.twitter.com/GDi1fHmnN7
— TD Más (@tdmas_cr) January 8, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.