Претседателот на судиите во Италија сака да се сретне со Гатузо

by
1 минути читање

Миланезите синоќа беа разочарани по дербито со Јувентус кое го загубија со 2-1, а сметаат дека требаше да им бидат досудени два пенали. Лошите одлуки беа донесени и покрај употребата на ВАР, а тоа наиде на критики особено на социјалните мрежи.

„Калчомеркато“ пишува дека Марчело Ричи е подготвен утре да се сретне со Гатузо бидејќи асоцијацијата на судии сака да му се извини на тренерот на Милан кој јавно кажа дека имало лоши одлуки на сметка на неговиот тим.

Дел од состанокот треба да биде и најдобриот италијански судија Никола Рицоли, а тој се очекува да се одржи во 11 часот наутро во канцелариите на Лигата.

Судиите би требало да ги признаат лошите одлуки кои ги направиле на мечот во Торино и да му се извинат на Гатузо кој остана разочаран бидејќи неговиот тим одигра добар меч, а забележа пораз.

Но каква сатисфакција од извинувањето ќе имаат Милан и Гатузо на кои секој бод им е важен во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани