Интер синоќа беше поразен со 1-0 на гостувањето кај Болоња, Наполи има предност од 18 бодови и приказната за Скудетото е завршена, но нероазурите ризикуваат да ги испуштат и позициите кои водат во Лигата на шампионите, конкуренцијата е голема.
„Газета дело Спорт“ објавува дека претседателот Жанг е разочаран од поразот од Болоња кој доаѓа по успехот во Лигата на шампионите, па тој и останатите клупски директори ќе се сретнат со фудбалерите и стручниот штаб во тренинг центарот.
Се верува дека работата на Инзаги не е доведена во прашање, не му се заканува отказ, но раководството на клубот сака да им стави јасно дознаење на фудбалерите и тренерите дека се потребни подобри игри и резултати.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.