Арсенал со месеци
се обидува да го ангажира Михајло Мудрик и синоќа се појавија информации дека
двата клуба конечно постигнале договор за трансфер вреден помеѓу 85 и 90 милиони евра.
Но денеска дојде
до пресврт, голем број на извори пренесуваат дека Челси го краде Украинецот,
„сините“ се сложиле на Шахтар да му платат неверојатни 100 милиони евра (од кои
70 милиони се загарантирани).
За офанзивниот
фудбалер е подготвен богат договор, односно плата од 7 милиони евра по сезона.
Со вакви бројки,
Михајло Мудрик ќе стане вториот најскап трансфер во историјата на Челси, поскап
е само оној на Ромелу Лукаку од 113 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.