Премиерлигашите бараат најстрога казна за Сити: Ако се виновни, треба да бидат испратени во втора лига!

by
1 минути читање

Манчестер Сити
може да се најде во сериозни проблеми откако Премиерлигата вчера соопшти дека
„граѓаните“ се обвинети за прекршување на правилата за ФФП и тоа повеќе од 100
пати во периодот од 2009 до 2018 година.

Независна
комисија сега ќе го разгледа случајот и доколку Манчестер Сити биде прогласен
за виновен може да добие голема казна, од одземање на бодови па до преселба во
понизок ранг.

Според пишувањата
на Сан, Премиерлигашите бараат најстрога казна, односно Манчестер Сити да биде
испратен во втора лига доколку се докаже дека на нефер начин се стекнале со
предност во однос на ривалите.

„Доколку бидат прогласени
за виновни, мора да добијат соодветна казна, и преселба во втора лига е соодветна казна за тоа што го правеле. Зборуваме за злоупотреба која се случувала една декада и
Премиерлигата мора да превземе вистински чекор“
– рекол еден претседател на
клуб од Премиерлигата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×