Прекрасен гол на Антони, Рашфорд е во страшна форма, Манчестер јунајтед во полуфинале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед ја оправда фаворитската улога и рутински триумфираше против Чарлтон, избраниците на Ерик тен Хаг се пласираа во полуфинале во Лига Купот.

Резултатот го отвори Антони во 21. минута, Бразилецот прекрасно пласираше од работ на шеснаесетникот за 1-0.

Победата беше потврдена во самиот финиш, Маркус Рашфорд уште еднаш покажа дека е во страшна форма и два пати ја тресеше мрежата на гостите.

Во 90. минута ја префрли топката преку голманот за 2-0, а длабоко во судиското надополнување ги постави коенчните 3-0.

Помеѓу четирите најдобри во Лига Купот се најде и Њукасл по победата од 2-0 над Лестер.

Брн го отвори резултатот по еден час игра, Жоелинтон во 72. минута ги реши дилемите околу патникот во полуфиналето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×