Се одигра 2. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), главниот меч се одигра на Националната арена „Тодор Проевски“ каде Шкендија со 2-0 го победи Вардар во големото дерби.
Шкендија Арачиново го оствари првиот, историски бод во ПМФЛ, Тиквеш уште еднаш даде пет голови на еден меч, Брегалница во убав амбиент под рефлектори ја наполни мрежата на Арсими, Скопје ѝ откина два бода на Струга.
Погледнете ги головите од натпреварите од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ):
ПМФЛ 2. коло
Шкендија А. – Силекс 1-1 Башкими – Тиквеш 0-5 Брегалница – Арсими 4-0 Вардар – Шкендија Т. 0-2 Скопје – Струга ТЛ. 1-1