Пред неколку дена одби трансфер од 60 милиони, па се пишмани и сега е на пат кон Лондон

by bojan
1 минути читање
Матис Тел

Неколку извори објавија дека Матис Тел сепак ќе се пресели во Тотнем, но зделката ќе биде во форма на позајмица до крајот на сезоната без опција за перманентен трансфер.

Тотнем пред неколку дена постигна договор со Баерн Минхен за трансфер на Матис Тел вреден 60 милиони евра.

Но младиот напаѓач ги одби „спарси“ со цел да се пресели во подобар клуб – Манчестер јунајтед се посочуваше како опција.

Арсенал исто така вчера пројави интерес за неговите услуги, но во неверојатен пресврт, неколку извори сега пренесуваат дека Матис Тел се пишманил и прифатил да го облече дресот на Тотнем.

Тој сега е на пат кон Лондон заедно со својот агент.

Како што пренесува Романо, зделката ќе биде во форма на позајмица до крајот на сезоната без опција за перманентен трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани