Правилата се јасни: Еве зошто немаше пенал за Баерн против ПСЖ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Многу полемики предизвика ситуацијата од првото полувреме на натпреварот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, кога домаќините бараа пенал по играње со рака во шеснаесетникот на францускиот тим.

По обидот на Витиња да ја расчисти опасноста, топката го погоди неговиот соиграч Жоао Невеш во раката, а фудбалерите на Баерн веднаш реагираа и побараа најстрога казна. Сепак, португалскиот судија Жоао Пинеиро остана нем и покажа играта да продолжи.

Иако на прв поглед делуваше спорно, арбитерот постапи според правилата на ИФАБ. Според актуелните насоки, пенал не се досудува кога играч ќе го погоди свој соиграч во рака, освен ако со тоа директно не се спречува удар кон голот или не се создава јасна опасност по противничкиот тим.

Бидејќи во оваа ситуација немало директна закана кон голот на ПСЖ, одлуката на Пинеиро била исправна според фудбалските правила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×