2,1K
Во последниот ден од преодниот рок Манчестер Сити го купи Нико Гонзалез од Порто за 60 милиони евра, но дел од сумата ќе добие Барселона.
Гонзалез од Барселона отиде во Порто, а во договорот имаше клаузула дека Каталонците ќе добијат процент од наредниот негов трансфер.
Барселона ќе добие 13 милиони евра од трансферот на Нико Гонзалез во Сити.
Не, како што претходно се пишуваше во шпанските медиуми дека сумата е 23 милиони евра.
Но, и 13 милиони евра е одлична цифра која може да се реинвестира.