121
По комплетирањето на првите четири групи, познати се и четири од осумте парови на Светското клупско првенство.
Досега имаме еден европски дуел во нокаут фазата, Челси против Бенфика, а имаме и бразилска пресметка, Палмеирас против Ботафого.
ПСЖ ќе игра против Интер Мајами, а Баерн Минхен ќе се сретне со Фламенго.
Остануваат уште два дена фудбал во групната фаза по кои ќе бидат комплетирани сите осум осминафинални двојки.
Осминафинале:
Палмеирас – Ботафого
Бенфика – Челси
ПСЖ – Интер Мајами
Фламенго – Баерн Минхен
Е1 – Ф2
Г1 – Х2
Ф1 – Е2
Х1 – Г2
Фото: X/Flamengo