Евертон доцна синоќа го
презентираше своето големо засилување во зимскиот преоден рок, на „Гудисон Парк“
пристигна 26 годишниот напаѓач Ченк Тосун.
Овој трансфер го чинеше
Премиерлигашот 22 милиони евра во кеш, а веќе се познати и бонусите кои се
договорени со Бешикташ за остварување на овој трансфер.
Пласман во Лигата на
шампионите на Бешикташ би му донел бонус од 750,000 евра, додека пак за Лига
Европа половина милион евра одека турскиот напаѓач е на „Гудисон Парк“.
25 настапи како стартер
во Премиерлигата би му донеле половина милион евра на тимот од Истанбул.
Во било која сезона
доколку Тосун постигна 25 голови во Премиерлигата или пак повеќе, Евертон ќе
треба да му исплати на Бешикташ еден милион евра, а 15 погодоци ќе вредат
половина од тој износ за секоја сезона.