Гласањето за „Златната топка“ заврши вчера, а според обложувалниците, нов фаворит за оваа престижна индивидуална награда е Ламин Јамал од Барселона.
„Франс Фудбал“ следниот месец ќе го прогласи најдобриот фудбалер за изминатата година, има неколку сериозни кандидати, па трката за најпрестижната индивидуална награда е поинтересна и понеизвесна од кога било.
Килијан Мбапе и Ламин Јамал имаа агресивна и отворена кампања, додека пак Осман Дембеле, Хари Кејн и Квича Кварацхелија имаа поумерен пристап.
Во меѓувреме, кандидатите имаа различни пристапи во јавноста. Килијан Мбапе беше директен во своите изјави, поради што наиде на голем број критики и дури беше обвинуван дека создава тензии со Усман Дембеле.
Осман Дембеле, пак, имаше многу поумерен и колегијален пристап. Французинот дури остави простор и неговиот соиграч од ПСЖ, Квича Кварацхелија, да биде меѓу кандидатите за освојување на наградата.
Гласањето заврши во вторникот, а според обложувалниците, Ламин Јамал се искачил на првото место и сега е фаворит за освојување на својата прва „Златна топка“.
До неодамна ситуацијата изгледаше поинаку. Хари Кејн беше во предност и во неделата вечерта му се даваа дури 56% шанси за освојување на наградата, додека Јамал беше на само 28%.
Но, во последните часови е случил голем пресврт, според последните прогнози на обложувалниците, младиот ас на Барселона сега е на првото место со 45% шанси да ја освои наградата, додека Хари Кејн паднал на второто место со 42%.
Шпанските медиуми сметаат дека е можно оваа промена да е последица на натпреварот меѓу Шпанија и Англија, кој се одигра во саботата и заврши со победа на Шпанија од 3-2.
Ламин Јамал се запиша во листата на стрелци и го постигна првиот гол на натпреварот, додека Хари Кејн имаше можност да ја доведе Англија во водство, но не реализираше пенал.
Иако обложувалниците во моментов го поставуваат Ламин Јамал како фаворит, трката сè уште не е завршена. Конечната одлука ќе биде објавена на 26 октомври, кога ќе биде познат освојувачот на „Златната топка“ за 2026 година.