Познат е стадионот на кој Италија ќе ја пречека Македонија

by
0 минути читање

На 24 март идната
година во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство, Македонија
ќе ги одмери силите со европскиот првак Италија, а веќе е познато на кој терен
„Аѕурите“ ќе ја пречекаат нашата селекција.

Италија ќе биде
домаќин на арената „Ренцо Барбера“ во Палермо, место кое е добро познато на
пошироката македонска фудбалска јавност, од причина што за истоимениот клуб
Палермо боите ги бранеа Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Избраниците на
Благоја Милевски во случај да го елиминираат фаворитот во финалето ќе играат
против подобриот од дуелот помеѓу Португалија и Турција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×