101
Во просториите на ФФМ денеска беше извлечен распоредот за новата сезона во ПМФЛ која и овојпат брои 12 екипи, неизвесно беше учеството на Ренова, но тимот од Џепчиште сепак останува во лигата.
Ќе се игра трокружно, познат е распоредот за првите два круга, односно 22 кола, а за последниот круг распоредот ќе зависи од пласманот на екипите.
Актуелниот шампион Шкупи во првото коло гостува на Тиквеш, кандидат за трофејот на чаирчани ќе биде Шкендија која на стартот игра дома со Скопје.
Прво коло ПМФЛ:
Шкендија – Скопје
Силекс – Работнички
Академија Пандев – Брегалница
Струга Трим Лум – Победа
Тиквеш – Шкупи
Македонија Ѓ.П. – Ренова
Комплетниот распоред на сите 22 кола можете да го погледнете на следниот ЛИНК.