386
Хари Кејн поради повреда вчера го одигра само првото полувреме од дуелот со Селтик на кој Баерн Минхен дури во 94. минута го обезбеди осминафиналето.
Кејн без кој тешко може да се замисли нападот на Баерн Минхен, остана во соблекувалната по првото полувреме откако се пожалил на повреда.
За среќа не станува збор за ништо сериозно и тој наскоро пак ќе биде на теренот.
„Во ред сум“, кратко изјави Кејн додека го напушташе стадионот.