Повредата е минато, Меси даде гол во победата на Аргентина над Исланд (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Аргентина на убедлив начин ги заврши подготовките за Светското првенство, откако во пријателски натпревар одигран во Алабама ја совлада селекцијата на Исланд со 3-0.

Исланѓаните први се заканија и пропуштија одлична можност преку Микаел Елертсон, казната брзо пристигна на спротивната страна. Валентин Барко ја искористи лошата реакција на одбраната и со прецизен удар донесе водство за актуелниот светски шампион.

Избраниците на Лионел Скалони имаа контрола врз играта и во продолжението создадоа уште неколку добри шанси, а вториот гол пристигна по влегувањето на Лионел Меси во игра. Искусниот ас изнуди пенал, а потоа и самиот беше прецизен од белата точка за 2-0. Во самиот финиш Аргентина стави печат на победата. Меси повторно беше во главна улога, овојпат како асистент во акцијата по која Тијаго Алмада ја затресе мрежата и ги постави конечните 3-0.

Со оваа победа Аргентинците во одлично расположение ќе го дочекаат стартот на настапот на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×