Реваншот се игра во четврток и ако стружани поминат понатаму ќе се случи срамен момент за македонскиот фудбал.
Во Македонија освен Националната Арена „Тодор Проески“ нема друг стадион кој ги исполнува условите за одигрување на меч од плејоф коло во европските натпреварувања.
Арената е затворена поради лошиот терен кој се чува за мечот на Македонија против Италија на 9. септември.
Стружани се приморани да играат на терен надвор од Македонија, а изборот паднал на стадионот во Елбасан, Албанија.
„Доколку избориме пласман во плејофот на Конференциската лига, натпреварот на кој треба да бидеме домаќини ќе се игра во Елбасан“, изјави Спортскиот директор на Струга, Бесар Исаку за „МИА“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.