Потврда од Кина: Адеми доаѓа во Пекинг Гуан, Динамо ќе добие еден милион евра!

by
1 минути читање

Безмалку еден месец е најавата за трансфер на Адеми, за кој според информациите Динамо ќе заработи симболични еден милион евра за трансферот, а Адеми ќе потпише тригодишен договор за нешто повеќе од три милиони евра по сезона.

„На Гуан му беше забрането да ангажира нови фудбалери, сега проблемот е решен, забрана повеќе нема и освен Де Соуза чие доаѓање е потврдено, доаѓа и 32-годишниот капитен на Динамо, Аријан Адеми. Наскоро ќе стане фудбалер на Гуан“, објави Ксиангју.

Хрватските медиуми веќе најавија дека се очекува Адеми својот последен меч за Динамо да го одигра на 19 март на „Максимир“ против Риека и да се прости од навивачите, а за време на репрезентативната пауза да замине во Кина да го потпише договорот и да ги мине лекарските прегледи и официјалната промоција што би значело веројатно негово неиграње за Македонија на стартот на евроквалификациите со Малта на 23 март.

Адеми од 2010 година е дел од Динамо, негов долгогодишен капитен, рекордер со европски настапи и освоени трофеи за загрепскиот клуб. Има 358 меча и 41 гол и 38 асистенции, а договорот со „модрите“ му беше до 2026 година.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×