По 12 дена потрага, телото на Кристијан Атсу е пронајдено под урнатините, поранешниот фудбалер на Челси и Њукасл не го преживеа катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.
„Безживотното тело на Атсу беше пронајдено под урнатините. Во моментов се вадат одредени предмети, беше пронајден и неговиот мобилен телефон“ – брифира Мурат Узунмехмет.
Агентот Сечере на Твитер напиша: „Со тешко срце морам да соопштам дека утрово беше пронајдено телото на Кристијан Атсу, испраќам длабоко сочувство до семејството и саканите. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите за молитвите и поддршката“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.