Челси и Шахтар синоќа се договорија за обесштетувањето за Михаило Мудрик, сините ќе платат 100 милиони евра. Она што последно беше направено, е согласноста на фудбалерот.
Мудрик преферираше трансфер во Арсенал, а Челси бараше начин како да го убеди да потпише за нив.
Во таквата мисија учество земал и тренерот Грем Потер кој лично му се јавил на Мудрик за да му го објасни проектот.
Мудрик веќе е во Лондон, ги комплетира медицинските тестови, по што ќе го потпише договорот и официјално ќе стане фудбалер на Челси.
Тој ќе има договор со Челси до 2030 година, таквиот договор му помага на клубот за Финансискиот фер плеј и амортизацијата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.