Потер: Ја разбирам фрустрацијата кај навивачите, се обидуваме да ги свртиме работите

by
1 минути читање

Силно се тресе столчето на Грем Потер, стратегот на Челси добива шанси, но засега не ги користи, сините никако да излезат од кризата.

„Чувствувам поддршка од фудбалерите и од сите тука. Ја разбирам фрустрацијата на оние надвор од клубот, но заедно со фудбалерите, имаме голема желба да ги промениме работите на подобро, и тоа ми причинува задоволство. Се бориме, чувствуваме дека сме блиску“, вели Потер.

„Кога резултатите не се добри, тогаш знаете дека вашата работа е во опасност. Тоа е нашиот тренерски живот. Јас само треба да го давам најдоброто од мене и да се трудам да ја подобрам ситуацијата додека дојдеме до точка дека веќе не можеме да одиме напред – но тоа не е случај, продолжуваме да се бориме“.

Челси денеска го пречекува Лидс од 16 часот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани